Бадник и Божиќ во домот на Наташа Малинкова

Точка

08/01/2020

12:10

8.980

Големина на фонт

а а а

„Ако се сака сè се може“, Наташа Малинкова е вистински доказ за оваа стара народна, бидејќи и покрај секојдневните настапи таа е одлична домаќинка, сопруга, мајка. Па, дури и за празниците кога е потребно да се помине повеќе време во кујна таа го прави тоа со задоволство, а стигнува и на настапи. Е како е тоа можно? Ако и пристапувате со љубов на работата, па каква и да е, домаќинска, професионална. Таа ги отвори вратите на нејзиниот дом токму за овие семејни празници и покрај сите обврски и со нас сподели како ги прославуваат Бадник и Божиќ.

Како се прославуваат Коледе, Бадник и Божиќ, има ли некои обичаи што се практикуваат таму?

- Од секогаш периодот од Нова Година, па до Божиќ ми бил еден од омилените во годината. Секогаш се радувам на деновиве и за мене имаат некоја посебна магија.

Како малечка палевме оган во дворот пред нашата куќа. Игравме, се радувавме и пеевме песни за Коледе.

Сега овие денови имам прилика многу да патувам низ Македонија со настапите и да гледам како се слави Коледе и Божиќ низ градовите. Навистина е магично.

Во мојот град, во Кавадарци многу се слави Коледе. Се палат големи огнови, се пее, се собираат многу луѓе.

Ги пречека ли коледарите со оглед на тоа што треба ранода станеш, а имаш настапи до доцна навечер или до рано изутрина?

- Секоја година доаѓаат деца на врата рано изутрина. И годинава дојдоа многу деца. Рано од 8 часот и ја пеат традиционалната "Коледе леде".

Сама ја подготвуваш Бадниковата вечера?

- Уживам да готвам. Бадниковата вечера сама ја подготвувам. Традиционално посна вечера, лепчето со паричка, гравче, сармички со (ориз, печурки, оревчиња и малку зачини), зелник, риба, овошје и за десерт печени јаболка полнети со фил од сушено овошје и лешници.Пред вечерата се зема лепчето и со свеќа се кани Господ на вечерата на прозорец или на тераса. Се прекрсетуваме и вечерата може да почне...Вка не учеа нас нашитите баби. Паричката се падна кај Емилија.

Како го пролсавувате Божиќ?

- Најчесто имам настапи за Бадник и Божиќ. Меѓутоа во текот на денот со семејството сме сите собрани дома и сите по нешто помагаат околу припремите. Вечерта наздравуваме и откако ќе вечераме се собираме во дневната соба и си прераскажуваме како било претходната година. Најчесто малата Емилија има многу прашања па одговараме на нив.

За Божиќ одиме на црква и кај нашите родители на гости на ручек.

Која е твојата Божиќна честитка за читателите на Точка?

- Мојата честитка до сите за Божиќ е секогаш иста.

ДА СТЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ!

Сакајте се, бидете добри , бидете вредни, трпеливи и ќе бидете успешни. Учете од постарите и успешните и бидете добар пример за помладите.

(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг