Се појави видео од падот на украинскиот авион: На небото се појави огнена топка, а потоа...

Точка

08/01/2020

09:11

3.583

Големина на фонт

а а а

Дописникот на „БиБиСи“ од Техеран, Али Хашем на Твитер објави видео на кое се гледа како од небото паѓа авионот кој е целосно во пламен.

Утринава набрзо по полетувањето од аеродромот Имам Хомеини во Техеран, патнички авион на украинската авиокомпанија Ukraine International Airlines се сруши, при што за жал загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

Според последните информации, станува збор за дефект на еден од моторите на авионот „Боинг 737“ кој украинската авиокомпанија го добила во 2016-та година и практично бил нов.

Иранските итни служби набрзо по несреќата соопштија дека нивните екипи веднаш пристигнале на местото на несреќата, меѓутоа било невозможно да интервенираат поради огнот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг