Дедо Мраз: Исчистете ги оџаците, не планирам тука да ми заврши кариерата

Точка

30/12/2019

10:52

3.745

Големина на фонт

а а а

Дедо Мраз вели на каква социјална средина и припаѓаат децата такви им се и желбите, а открива и што му пишуваат од Македонија и децата и возрасните. Годинава е сериозно загрижен како ќе ги достави подароците со оглед чадот кој чади од оџаците. Загрижен е за сопственото здравје до степен што ако тука му заврши кариерата, но повеќе е загрижен за здравјето на децата. Па затоа апелира под итно да се реши проблемот со загадувањето.

Што друго ни откри во ексклузивното интервју за Точка, дознавате веднаш: 

Што му пишуваат децата на Дедо Мраз најчесто да им донесе за Нова Година?

- И малите деца се дел од современото живеење. Имаат пристап до сите модерни алатки за забава, така да и нивните желби се мобилни телефони, а најбараниот е Ајфон 5, потоа Лего коцки најголеми што постојат. Девојчињата се помалку бараат кукли, а се повеќе брендирани сет играчки од најпознатите блок бастери за деца со кои ги пречекуваат другарчињата на своите родендени и други прослави. Децата се вистинско богатство кога се дома се радуваат и се приклучуваат кон забавата. Се почесто ми подаруваат подароци. Неретко ме нудат со млеко и колачиња. Нивните насмевки се најголем подарок за мене. И затоа со мојата програма се обидувам да им ја предизвикам насмевката. Тоа е вистинска размена и експлозија на емоции. После која човек не може да биде рамнодушен, па ни јас.


А што посакуваат возрасните или очекуваат од Дедо Мраз?

- Возрасните се како деца. Исто, бараат мобилни, таблети, кукли од своето детство. Дека и возрасните знаат да бидат изненадени од Дедо Мраз зборува идејата на АМСМ. Посетивме познати личности со ретро автомобил Спачек. Доделувањетона подароци беше големо изненадување за нив. Одевме кај нив дома, на работа, без најава со големи пакетчиња.


Ќе ни донесеш ли годинава почист воздух?

- Јас доаѓам од земјата на чистиот воздух и оваа состојба во Македонија не ми годи. Се чудам како моите дечиња издржуваат и загрижен сум за нивното здравје. Она што јас можам да направам е да дувне ветренце да го прочисти, а политичарите да го намалат загадувањето од оџаците, бидејќи се потешко се симнувам низ нив. Разни тешки мириси не ми дозволуваат да дојдам до моите дечиња. Мислам дека еден ден ќе се онесвестам и ќе ја завршам кариерата во нечиј оџак.


Имате ли понекогаш проблем со пасошите, бидејќи поминувате низ многу земји? 

- Сите земји ги прелетувам и јас немам проблем со пасошите. Имам проблем само со контролите на летање. Особено со оние во Македонија, Немаат соодветни радари. Немаат влијание на изненадувачки фактори. Тука ќе треба да донесам некои подароци од ЕУ, но подароците не знам каде ќе завршат. Имам слушнато дека светската организација со седиште во Париз ќе обезбеди контрола на движењето на подароците за возрасни. Тука имаме сериози проблеми. Се надевам дека ќе ги решат. Мое е да ги однесам.


Дедо Мраз, што ќе ни порачаш?

- Во писмата наоѓам голема искреност затоа и понатаму ја сакам оваа земја. И мојата порака е да продолжат со својата искреност и да продолжат да се сакаат и да веруваат во убави нешта. Вербата, сакањето и надежта се вечни вредности што го красат еден човек. Среќни празници и да сте ми весели...

Хо...хо...хо...


(A.B)



Спонзорирани линкови

Маркетинг