12-те најсексапилни момци пред објективот на Точка: Официјално погледнете го календарот за 2020 година

Точка

30/12/2019

20:53

34.422

Големина на фонт

а а а

Трета година по ред, календарот на Точка претставува еден вид предновогодишен подарок за припадничките на понежниот пол, во кој веруваме ќе уживаат во текот на претстојните 365 дена.

И оваа година како и претходните две, 12-те месеци се претставени преку 12 момци кои отстапија од своите професии и барем за кратко станаа модели кои на најпрофесионален начин позираа пред објективот на Бојан Стоилковски. 


*Календарот за 2020 година можете да го погледнете ТУКА.

Но, овојпат одлучивме да играме посмело и да го вметнеме концептот на „Body Art“ (уметност на телото) во целиот проект.

„Body Art“ веќе со години е широко распространета уметност низ светот, која го користи човековото тело како уметнички медиум и како платно за сликање. Во улога на наш уметник се најде Зоран Шурбевски кој ги замени телата на момците со платно и кој со помош на шминка создаде нешто што ретко се гледа во Македонија.

Оваа година, дванаесетте момци кои учествуваа во изработката на Точка календарот без двоумење го прифатија предизвикот да се соблечат пред камерата и да ги покажат своите одлични тела, надополнети со цртежи, а резултатот е повеќе од неверојатен.

Календарот на Точка за 2020 година не остана неодбележан – 26-ти декември беше резервиран за негова промоција во скопскиот бар “BKW”, на која присуствуваа голем број јавни личности, како и соработници и пријатели на Точка. Преку видеото кое беше главна ѕвезда на вечерта, присутните на промоцијата имаа можност барем за момент да се најдат на сетот и да ја почувствуваат атмосферата во која се создаваше календарот.

Остварувањето на уште еден ваков проект за нас претставува огромно задоволство, а вам ве препуштаме да уживате во глетките на нашите 12 момци за 2020 година.

Бојан Тодороски – јануари


Давид Димовски (The Three of Us) – февруари


Мартин Манасиевски – март


Мартин Данчев – април


Гоце Маротов – мај


Симон Џон – јуни


Анатолиј Романов – јули


Симон Антиќ – август


Томислав Доневиќ – септември


Фахик Весели – октомври


Ѓорѓе Камов – ноември


Тони Јанковски – декември

Фотографија: Бојан Стоилковски
Шминка: Зоран Шурбевски
Видео: Ненад Смиљковиќ
Проект менаџер: Агнеза Михајлова 



Спонзорирани линкови

Маркетинг