Мијата: Има магија и во тоа за Нова Година да си на работа

Точка

20/12/2019

10:45

6.286

Големина на фонт

а а а

Најубавите спомени ја враќаат во Долно Дупени на вистинските пријатели, љубови и дружби во детството. Зошто одлучила да ја преработи токму „By, by” на Бојс од толку многу песни, дали би ја заменила нејзината професија - контрола на летање со музика и само музика, дознавате од Мијата.

Додека разговара со пилотите не пее, ама затоа по ходници колку сака. Но, ќе имате можност во духот на празничното расположение да ја погледнете со нејзините деца во прекрасно Новогодишно издание само за Точка. 

"Од едно лето јас спомени носам"... Од кое лето носи најубави спомени Мијата? 

- Многу лета минале, интересни дестинцаии, со драги луѓе и незаборавни мигови. Сепак емоцијата која ме водеше за време на интерпрецијата на последната песна „Бај Бај“ доаѓа од спомените на моето детство и летата поминати во Долно Дупени.

Таму се случуваа првите вистински дружби, пријателства за навек, љубови и игри, стекнување на работни навики, допир со природата. 

Таму на ѕидот од капијата на училишниот двор со дргарка ми Анита пеевме терци на песните по цели вечерини. На долнодупенската полена за време на иселеничките средби го имав можеби и мојот прв солистички настап.

"By, by" те врзува емотивно за конкретна личност, зошто се одлучи за неа од толку песни? 

- Бај Бај ме врзува со Драган Каранфиловски - Бојс, авторот на песната која ја исполни група Буба Мара на Макфест во 1988 година. Иако не го запознав Бојс ниту пак успеав да соработувам со него (за жал), неговата енергија и вибрација што ја доживувам низ неговите песни е некако слична на мојата авторска природа. Со новиот аранжман кoј го направивме со Дамир Пух и Наташа Миха, само ја адаптиравме мелодијата на мојата личност. А маестралната усна хармоника која ја отсвири Александар Пешевски - Mighty Creation, мелодиски ја отсликува горештината типична за секое македонско лето.

Кои се девојките што ги гледаме во спотот? 

- Девојките во спотот се Теодора Гошева, на гитара, и Андреа Мирческа на контрабас. Усната хармоника си ја свири самиот Александар Пешевски, а и кучето во спотот е негово, Дарма. Со Теодора и Андреа за прв пат соработував сега за снимањето на спотот на песната Бај Бај, и еве и јавно да им се заблагодарам

за бескрајната професионалност и поддршка од нивна страна. Спотот кој е всушност видео илустрација за песната, ми беше замислено да се сними на зајдисонце на некоја локација која е мементо на моето детство, и со локацијата на стариот базен Плаја Виста излезе совршено. А спотот го снимивмеверувале или не за два часа благодарение на проефсионалноста на Јован Лесански и секако монтажата на Аце Бошковски.

Која е пораката која сакаш да ја пренесеш со песната? 

- Пораката е повеќе во мелодијата и интерпретацијата, а помалку во текстот. Самата песна ја извлекува на површина лиричноста на мојот глас а минималистичкиот аранжман ја прави ненапдна и лесно се пика под кожа. Само кажи Бај Бај заборави се, е повеќе порака да се вратиме кон исконското во нас и да се растеретиме од тешки мисли...да има кажеме Бај Бај на проблемите што како облаци не надвисуваат.

Пееш ли во контрола на летање, за добродојде на патниците, можеби добар лет или онака чисто за себе? 

- На работа не пеам на фреквценција никогаш кога разговарам со пилотите, но затоа пеам додека одам по ходниците и сите колеги знаат дека јас сум. Да бев лик во стрип ќе имав секогаш облаче со ноти пред мене.

Би се откажала ли од работата, да можеше да се живее од музика во Македонија? 

- Во Македонија веќе може да се живее од музика. Но прашањето е - доколку би зависела финансиски само од музика, колку би останала искрена во творештвото и дали е возможно човек во таа ситуација да не стане тезгар. Контрола на летање не само што ми е погодена професија на карактерот туку ме чува од компромитирање во музиката...и затоа сум бескрајно благодарна. Сакам да погледнам наназад на своето музичко творештво и да немам чувство на каење...а сега за сега е така. 

Те нема често, но кога те има те има, секоја песна останува да се преслушува, тоа е тактика? 

- Не е тактика туку е повеќе борба со обврските и наоѓање време за музички израз. Верувајте многу е подобро кога е човек во континуитет.Јас после секоја пауза одново „ја освојувам публиката“. Драго ми е ако на слушателите има се допаѓа мојата музика, а ваквата спорадична кариера има и свои предности.

Веруваат ли децата во Дедо Мраз? 

- Калин мислам дека веќе не верува, и сега е борба да го задржиме да не и ја расипе магијата на Никита која безрезервно верува во новогодишната бајка. Лани ни дојде Дедо Мраз дома (благодарение на Локо Кроко) и сега не може никој да ја разубеди кога она го виде со очи ;-)  

Допрва се спремаат да пишуваат писмо до Дедо Мраз со нарачките па ќе видиме што ќе добијат под елката.


Има ли еуфорија при украсувањето на домот?

- Искрено машкиве не се многу возбудени околу таа дејност. Елката наша е доста комплицирана и се мести гранче по гранче, и јас со години сама ја местев. Од мината година кога Никита наполни три, помоштта ми пристигна. Таа цела возбудена околу елката помагаше па го повлече и Калин да помогне околу местењето на гранките. Оваа година помош имам веќе и од двајцата.


Кои се твоите очекувања од 2020-та? 

- 2020 ќе биде прекрасна година чувствувам. Очекувања немам конкретни, имам некои идеи и амбиции на музички план ама колку од тоа ќе се оствари ќе видиме. На работа секоја година има се поголем обем на сообраќај и со тоа поголем напор се вложува од наша страна, па се надевам дека телото,умот и духот ќе ми бидат на високо ниво за да одговорам на обврските.


Каде ќе ја дочекате Новата година?

- Дефинитивно во Скопје, во домашна атмосфера опуштени зошто веќе утредента мама Мијата ќе оди на работа.

Ти се случува ли да треба да бидеш на работа... 

- До сега во мојата контролорска кариера два пати сум ја дочекала Новата Година на работа. Меѓутоа и двете години биле пред да ми се родат деца. За некоја година ќе треба повторно да волонтирам за работна Новогодишна Ноќ...Но и во тоа има магија.

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг