Снимиле пар додека има секс во MRI уред, фотографиите се хит и после 20 години

Точка

19/12/2019

19:16

49.524

Големина на фонт

а а а

Фотографиите објавени во медицинскиот магазин „British Medical Journal“ се вистински хит и 20 години подоцна.

Станува збор за првите MRI фотографии на кои е снимен пар кој има сексуални односи, а настанале во склоп на едно холандско медицинско истражување од 1999-та година.


Главното откритие до кое дошле докторите со помош на фотографии направени во уред за магнетна резонанца е дека пенисот во вагината (во мисионерска поза) добива закривен облик кој потсетува на бумеранг. Дотогаш мислеле дека пенисот е рамен или во облик на буквата С.

Судијата која ја спровела Универзитетската болница „Groningen“ исто така открила дека матката не се зголемува кога жената сексуално ќе се возбуди, како што се верувало во тоа време.

Никој од надлежните оваа студија не ја сметал за корисна, но се покажало дека оваа вест била најчитана во историјата на списанието. Истото е цитирано дури во 130 други научни трудови.


Во октомври оваа година повторно почна да се зборува за тоа, иако од објавувањето поминаа цели 20 години.

Авторите сметаат дека луѓето едноставно не можат да пропуштат да погледнат бесплатна сексуална содржина на интернет, па дури и да се работи за црно-бели фотографии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг