Опуштена претпразнична атмосфера во домот на Живкица Каленикова

Точка

18/12/2019

22:09

11.144

Големина на фонт

а а а

Не само децата туку и таа потајно верува во Дедо Мраз. Годинава ќе посака да донесе повеќе чист воздух и да ни ги наполни срцата со љубов и разбирање. Во новогодишното украсување на домот учествуваат целото семејство, а вие читателите на Точка, ќе имате можност да ѕирнете и да ја почувствувате празничната атмосфера во домот на водителката Живкица Каленикова.

Сите ли учествувате во новогодишното украсување на домот? 

- Да, и апсолутно е така по забавно, како растат децата внимаваат повеќе и нема простор за паника од расчупана елка:))

Практикувате ли подароци под елката? 

- Да, тоа е една традиција која многу ја сакаме и ништо нема поубаво од првото утро во новата година и трчањето кон елката да видиме колку сме биле добри во старата и со што не наградил Дедо Мраз :)


Веруваат ли децата во Дедо Мраз? 

- На возраст од 8, 6 5 години се уште се верува иако и јас потајно си верувам :) Но, морам да кажам Даријан (8) започнува со прашања со кои ме става на тест за вистината. Минатата година меѓу другото имаше подароци кои не им беа на списокот од нивните писма и тогаш имав прашање : „Мама изгледа дедо мраз се збунил , по грешка оставил подарок што не го порачавме, да му го вратиме некако ? ?“


По што ќе ја паметиш 2019-та?

- По уште едно прваче оваа година, првата година од новата деценија од мојот животен пат:) Нова сезона на „Тунел“, проект на кој сум навистина горда, многу инспиративни приказни кои ме освестуваат секојдневно колку малку за среќа впрочем ни треба, убави патувања . Јас сум човек што сака да ги памети убавите работи.

Што посакуваш од Дедо Мраз за 2019-та?

- Здравје, радост, семејството на куп, ЧИСТ ВОЗДУХ и да ги наполни срцата на сите со повеќе љубов и разбирање.

Каде ќе бидете за дочекот на Нова Година?

- Нашето Маврово❤️Години наназад таму со радост ја чекаме новата година. Полна куќа гости, насмевки ,музика, топлина, љубов, има ли поубаво ?



Спонзорирани линкови

Маркетинг