Случајно дознав за одвратната навика на идната свекрва - влезе со мене во тоалет, а поради нејзиното прашање...

Точка

16/12/2019

20:17

29.686

Големина на фонт

а а а

Една жена доживеала непријатно изненадување кога после миење на рацете употребила пешкир кој воопшто не бил наменет за неа, ниту за рацете.

Нејзината приказна започнала кај момчето, кога отишла во тоалет...

Непријатен разговор во купатило

Кога завршила со она што го правела, си ги измила рацете и ги избришала со пешкир, кој, како што дознала подоцна, нејзината потенцијална свекрва го користела за своите „интимни делови“.


Нејзината исповед шокирала многумина кои го прочитале она што го напишала и не можат да сфатат како некој на видливо место чува пешкир за вагина.

„Преспав кај момчето за викенд додека неговите родители беа на пат. Кога се вратија еден ден подоцна, се сретнав со неговата мајка во купатило. Таа нервозно ме праша дали случајно го користев синиот пешкир и ѝ одговорив потврдно. Тогаш 'без пардон' ми кажа дека со тој пешкир ги брише своите интимни делови“, ја започнала приказната девојката.

„Ѝ се извинив и ѝ реков дека тоа не можев да го знам. Сето тоа е во ред, но се чувствувам многу посрамотено сега. Малку ми се гади, а мислам дека и таа го чувствува истото“, додала девојката и признала дека во иднина ќе биде повнимателна кога ќе користи туѓо купатило.


Нејзината приказна наишла на многу реакции, но луѓето воглавно се ужаснале и биле збунети.

„Имам 50 години и никогаш не сум слушнала дека некоја жена поседува пешкир исклучиво за неа“, искоментирала една жена, а другите се прашуваат зошто воопшто го чува пешкирот во купатило кое сите го користат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг