Бодибилдер се верил со својата секс кукла: “Ја спасив од човек кој имаше помалку чесни намери”

Точка

16/12/2019

15:24

31.668

Големина на фонт

а а а

Актерот и бодибилдер Јуриј Толочко неодамна ја запросил својата “девојка” Марго на прилично традиционален начин – со прстен, букет ружи и романтична вечера, а среќната вест е објавена на Инстаграм профилот на Марго, инаку секс кукла на надувување.

Објавата е проследена со опис во кој Толочко објаснува, според него, што е идеален однос помеѓу еден маж и една жена и им се обратил на припадничките на понежниот пол: 

“Ако го читате ова, отидете до својот маж и развеселете го поради сите страдања кои му ги донеле жените пред вас. Чешкајте му го грбот, дајте му комплимент за неговата мајка, кажете му дека има голем ... ум”, напишал Јуриј кој по веридбата организирал и моминска забава за Марго во кругот на пријателите, а пред веридбата ѝ платил и пластична операција за да не биде оптоварена со своите “маани”.

Иако не открил што променила Марго кај себе, бодибилдерот вели дека оттогаш неговата вереница е поинаква.

“На почетокот ми беше тешко да ја прифатам промената, но подоцна се навикнав бидејќи таа сега е посреќна од претходно”, изјавил тој.

Јуриј и Марго се осум месеци во врска, откако, како што вели тој, “во едно кафуле ја спасил од друг маж со помалку чесни намери”. Колку и необично да делува нивната љубов, факт е дека постојат многу парови како нив двајца.

Во последните неколку години сè почести се случаите во кои мажите се заљубуваат во своите секс кукли и “започнуваат врска” со нив, а најмногу такви врски се раѓаат во Јапонија (каде е технологијата понапредна, а во последно време куклите се заменети со уште пореалистични роботи).



Спонзорирани линкови

Маркетинг