Нокаутирал деца во продавница, сега е осуден на 9 години затвор: „Криците одекнаа низ цела продавница“

Точка

16/12/2019

15:00

2.901

Големина на фонт

а а а

Конечно стигна пресудата за еден од најбизарните напади што ги видела полицијата во калифорнискиот град Лори.

Како што може да се забележи и од шокантната снимка, мажот во продавница удира деца со тупаница на главата без никаква причина.

Инцидентот се случил уште во август, а децата кои ги нападнал имаат 5 и 11 години. Џеф Хардкесл (52) е осуден на 9 години затворска казна.

„Се изгубив. Физички, ментално, емоционално и духовно“, рекол таткото на децата, Мелвин Гудрум Џуниор.

Жената која била сведок на нападот рекла дека оваа сцена изгледала ужасно, особено поради криците на децата.

„Врескаа. Криците одекнаа низ цела продавница“, рекла Амбер Бурчфилд, која и самата се шокирала од ситуацијата.

Полицијата соопштила дека ѝ се причинило дека Хардексл бил издрогиран и дека чудно се однесувал во продавницата. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг