Со орден на градот Штип постхумно одликуван Никола Кљусев

Макфакс

16/12/2019

14:48

674

Големина на фонт

а а а

Општина Штип годинава орденот „Свети Никола“ постхумно ќе му го додели на Никола Кљусев, првиот премиер на експертската Влада од независноста на Република Македонија.

Орденот „Свети Никола“ се доделува во чест на патрониот празник на градот Штип.

„Штип го дал и првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, како и првиот премиер во експертската Влада – Никола Кљусев. Тоа се факти кои треба сите заеднички да ги уважуваме, а со тоа да го промовираме нашиот град како колевка на државата“, истакна градоначалникот Благој Бочварски во изјава во врска со доделувањето на наградата.

Тој најави дека покрај орденот „Свети Никола“ годинава признание ќе добие и касарната Втор пешадиски батаљон „Јане Сандански“, преку која, како што рече Бочварски, Штип ќе биде вграден во мапата на НАТО Алијансата.

Признанија ќе добијат и Стојан Троицки еден од основоположниците на фестивалот „Макфест“ и Лилјана Крстевска дипломиран социјален работник со 40-годишно работно искуство од областа на работата со маргинализирани групи и претседателка на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг