Со секој свој потег ги освојува симпатиите на фановите на Реал Мадрид: Федер Валверде лудо го прослави израмнувачкиот гол на Бензема

Дерби

16/12/2019

14:30

1.184

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид стигна до трилер реми на гостувањето на „Месталја“ кај екипата на Валенсија.

Дербито на ова коло во Ла Лига заврши без победник, 1:1, а „кралевите“ до израмнување стигнаа во продолжението од натпреварот кога погодок постигна Карим Бензема.

Сите играчи се израдуваа на израмнувачкиот погодок, но посебно впечатлива беше реакцијата на младиот фудбалер, Феде Валверде кој игра одлично оваа сезона. Тој еуфорично го прослави погодокот, а на социјалните мрежи кружи видео од трибините на кое се гледа како Валверде слави за голот.

Со овој потег младиот фудбалер уште повеќе ги освои симатиите на навивачите на Реал Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг