Љунгберг не му остана должен на Озил откако ѕвездата имаше недоличен потег на дербито со Сити

Дерби

16/12/2019

14:28

1.508

Големина на фонт

а а а

Арсенал ги прикажа сите свои слабости во играта на дерби мечот со Манчестер Сити и може да биде задоволен што остана на трите примени гола од првото полувреме, ситуација која само докажува дека состојбата во Северен Лондон не изгледа воопшто добро во овој момент.

Дури и Бернд Лено по поразот од Сити порача дека не станува збор за тренерите и дека таму не се крие главниот проблем, иако се верува дека Фреди Љунгберг набргу ќе биде заменет од поискусен стручњак кој ќе се обиде да го врати Арсенал на правиот пат. Додека да се случи тоа, Фреди со големо задоволство ќе ја извршува функцијата на првиремен менаџер, време кое истакна дека ќе го искористи за да се справи со Месут Озил.

Играчот за врска беше првата измена на Љунгберг и тоа предизвика бесна реакција од Месут кој ги шутна ракавиците пред да седне на клупата, потег кој Фреди првично го испрати само со сериозен поглед.

– Го извадив Озил бидејќи сакав повеќе енергија во мојот тим. Тоа е едно, а сосема друго е како тој реагираше. Тоа е негова работа, но со тоа ќе се справам подоцна. Засега сум тука од ден за ден и секако дека не сакам да ги гледам играчите во такво издание, – порача Љунгберг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг