Можеби за вас имињата Ариела Ниса и Карина Ирби не значат ништо, но во Австралија овие дами се водечки инфлуенсерки и Инстаграм ѕвезди на кои се угледува цела армија тинејџерки и млади девојки.
Двете блогерки воглавно се фотографираат во бикини и костими за капење и тоа со цел да ја промовираат различноста и да ги поттикнат жените да се сакаат себеси и да се прифатат во сите фази.
Неодамна, овие две убавици споделиле серија фотографии на кои позираат покрај базен, а наместо совршено извајани стомачни мускули какви што често гледаме на Инстаграм, тие се “пофалиле” со пореален изглед...
Повеќето жени знаат дека тоа може да биде голем проблем, а надуеноста на стомакот и масните наслаги околу него прават да се чувствуваме лошо и грдо. Воглавно, повеќето жени го кријат овој дел од телото, а често се случува да одлучиме да го прескокнеме заминувањето на базен или плажа поради надуен стомак.
Ариела и Карина се занимавале токму со оваа тема, објавувајќи неколку фотографии, па дури и видеа на кои гордо ги покажуваат стомаците кои не се совршено рамни.
“Променете ги своите мисли. Престанете да мислите дека слабиот, рамен стомак е нормален затоа што не е! Сè е генетика, исхрана и физичка активност. Погледнете ја Ариела и погледнете ме мене. Две млади, здрави и активни девојки, и двете имаме “прекрасни стомачни мускули”. Само затоа што немаме стомачни мускули не значи дека не сме здрави или дека не ги сакаме своите тела”, напишала убавата Карина која ја следат повеќе од еден милион следбеници.
Ариела го искоментирала тоа во сличен стил, а двете добиле огромен број лајкови и пофалби и добиле огромна поддршка.
“Надуеноста е нормална работа и само затоа што немам стомачни мускули не значи дека не сум убава. Тоа што стомакот не секогаш ми е рамен, не значи дека не морам да се чувствувам непријатно или да се срамам од себе”, истакнала девојката.