Во контролиран пожар изгореа околу 20 куќи во Австралија

Макфакс

16/12/2019

11:57

776

Големина на фонт

а а а

Противпожарната служба на Нов Јужен Велс (РФС) соопшти дека пожарникарите изгубиле контрола во ограничувањето на мега пожарите на планината Госперс, кои се прошириле на ниво на вонредна состојба и продолжиле да горат.

Комесарот на РФС Шејн Фицсимонс изјави дека пожарникарите на теренот се обидувале да ја заштитат заедницата со донесување на некои чувствителни и многу ризични решенија.

„За жал, работите не одат секогаш според планот и можеме да видиме колку брзо можат да се променат и колку може да бидат деструктивни последиците“, рече тој за австралиската станица „Еј-би-си“. Пожарот уништил електрични инсталации и 450 домови останале без електрична енергија.

Пожарот се наоѓа на 70 километри северозападно од Сиднеј, а огнот се простира на повеќе од 60 километри. Во понеделникот попладне, низ целата земја, 2.000 пожарникари се бореа со 108 пожари, при што метеоролошката служба прогнозира силен топлотен бран за поголем дел од Нов Јужен Велс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг