На овие природни облини не одолеал ни најголемиот холивудски заводник Леонардо ДиКаприо

Точка

16/12/2019

22:43

11.047

Големина на фонт

а а а

Згодната Аргентинка привлекува внимание каде и да се појави.

За актерката и манекенка во подем, Камила Мороне, која плени со својот изглед и природни облини, јавноста дознала кога освоила еден од најголемите холивудски заводници, Леонардо ДиКаприо. 

Убавата Аргентинка го воодушевила светот со својата убавина, но и многу мажи со природните облини на кои сериозно може да и позавидат повеќето девојки.

Младата убавица сега во долга златна деколтирана тоалета прошетала по црвениот тепих на еден филмски фестивал во Маракеш, и уште еднаш покажала на што "паднал" Леонардо.

Може да се каже дека актерката заблескала како никогаш досега, во долга тоалета со златна ткаенина, а нејзиното длабоко деколте кое ги истакнувало совршените облини, привлекувало сечие внимание.

Потсетуваме, Мороне и ДиКаприо се во врска од 2017-та година, меѓутоа во јавноста избегнуват да се појавуваат заедно. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг