Крај на сезоната за Депај, ќе го пропушти и ЕУРО 2020

Макфакс

16/12/2019

10:20

1.041

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Лион Мемфис Депај тешко го повредил коленото на левата нога, поради што сезоната за него е завршена.

Холанѓанецот се повредил на натпреварпт против Рен (0:1). Лекарските прегледи покажале дека станува збор за раптура на предниот вкрстен лигамент. Депај ќе биде надвор од фудбалските терени најмалку шест месци.

„Многу е сериозно. Се сомневаме дека ќе се врати до крајот на сезоната“, рекол спортскиот директор на Лион, Жунињо.

Оваа повреда веројтно ќе го оддалечи Депај и од Европското првенство, што ќе претставува сериозен удар за репрезентацијата на Холандија.

Депај (25) оваа сезона постигнал 14 гола на 18 одиграни натпревари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг