Опасни игри на Турција на Кипар! Ситуацијата врие, копнени единици се утврдуваат на островот!

Точка

16/12/2019

09:46

4.989

Големина на фонт

а а а

Турција пратила три возила со беспилотни летала на аеродромот Гециткалe, кој се наоѓа во турскиот дел на Кипар.

Министерот за надворешни работи на кипарските Турци, Кудрет Озерсаи, рекол дека во оваа фаза на аеродромот Гециткалe почнале да доаѓаат само копнени единици за контрола, но уште не е поставен систем за беспилотни летала. 

"Некои беспилотни летала кои се наоѓаат на аеродромот Далман ќе пристигнат во Гециткалe кога единицата за контрола на копно, која сега се поставува, ќе биде оперативна", рекол тој.

Инаку, на беспилотните летала кои ќе ги следат бродовите за истражување на нафта и морнаричките сили на Турција на истокот на Средоземјето ќе летаат од аеродромот Гециткалe.

"Додека Турција го остварува своето право на истражување на енергенси во источниот Медитеран, турски Кипар ќе и овозможи летање на беспилотни летала од локалниот аеродром", соопштиле властите на кипарските Турци.

Беспилотните летала, невооружени и вооружени, ќе почнат да полетуваат од аеродромот Гециткалe од 16-ти декември, јавила новинската агенција Демирорен. Турција почнала да бара нафта и гас на брегот на Кипар на почетокот на оваа година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг