Лампард го крена гласот и им одржа сериозна лекција на своите играчи

Дерби

15/12/2019

15:33

2.834

Големина на фонт

а а а

Челси влезе во неповолна серија на непосакувани резултати и вчера тоа го потврди со лошото издание против Бурнмаут, откако тимот на Еди Хау успеа да оствари голема победа на „Стемфорд Бриџ“ со гол постигнат во самата завршница.

Доволен беше еден гол за гостите да победат со минимални 0:1, но она што почнува да делува загрижувачки за Лампард е тоа што Челси го претрпе четвртиот пораз на последните пет меча во Премиер лигата. Ова беше доволно за да се појави нервоза и кај самиот менаџер, кој одлучи за првпат да го крене гласот и да им одржи лекција на своите играчи за прикажаното пред домашните навивачи.

– Јасно е дека пред нашите навивачи не играме доволно добро, немаме доволно добри резултати. Едноставно не правиме доволно за да ги возбудиме нашите навивачи. Фановите не можат да бидат воодушевени ако додаваме 10 топки во последната линија без никаква идеја. Тоа не е тимот кој јас сакам да го менаџирам. Јас сум човек на Челси и сите го знаат тоа, ако бев фан, ќе кажев дека ова беше премногу бавно. Од стопер до стопер, од стопер до бек, од бек до стопер и така во круг. Не сакам да го гледам тоа. Играчите мора да преземат одговорност и да почнат да ги возбудуваат фановите. Треба да имаат карактер и мадиња за да ја однесат топката во опасната зона и да играат напаѓачки. Мора топката да има брз проток, не смееме да играме на сигурно. Одевме само на сигурно и бевме казнети за тоа, – порача Лампард.



Спонзорирани линкови

Маркетинг