Микотакис ги повикува Германија и земјите од ЕУ да земат мигранти од грчките острови

Макфакс

15/12/2019

15:28

519

Големина на фонт

а а а

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги повика Германија и другите земји од ЕУ да земат мигранти и баратели на азил директно од грчкиот остров Лезбос.

„Идејата е дел од процедурите за азил да се спроведуваат во други земји“, рече Микотакис за германскиот весник „Билд“.

Тој додаде дека европскиот систем на азил и миграција мора да се подобри, како што вети Европската комисија, додавајќи дека товарот на проблемот мора да се подели повеќе.

Околу 39.000 мигранти живеат во и околу центрите на Лезбос, Хиос, Лерос и Кос, со капацитет за 7.500 луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг