Редок примерок на машината за кодирање: Популарната „Енигма“ продадена за над 100 илјади долари

Точка

15/12/2019

13:50

2.888

Големина на фонт

а а а

Редок примерок на машината „Енигма“ која армијата на нацистичка Германија ја користела за изработка на воено-комуникациски шифри е продадена на аукција за 106 илјади долари.

Машината за шифрирање која тежи 13 килограми ја купил непознат купувач. Оваа машина била продадена со оперативни упатства, кутија со изгравиран грб на Третиот Рајх, но и книга во која е опишано како генијалниот британски научник Алан Тјуринг помогнал во разбивањето на кодовите.

Инаку, не е прв пат нацистички машини да бидат продавани за така високи суми. Ирски колекционер во мај оваа година ја купи машината за кодирање „Хитлер мил“ за 109 илјади долари од минхенски колекционер.


Инаку, како што се наближувал крајот на Нацистичка Германија во Втората светска војна, Германците уништиле голем број на вакви машини кои што биле нешто неверојатно во светот на технологијата во тоа време.

Благодарение на „Енигмата“, бројни подморници, бродови, авиони но и цели дивизии успевале да комуницираат меѓусебно на големи растојанија, без притоа да стравуваат дека некој може да им ги пробие кодовите.

Направата била толку генијална така што британскиот премиер Винстон Черчил лично наредил по крајот од Втората светска војна да се уништат сите вакви машини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг