Солзaвец и водени топови на протестите во Бејрут, 40 повредени

Макфакс

15/12/2019

13:11

835

Големина на фонт

а а а

Либанските безбедносни сили употребија солзавец, водени топови и гумени куршуми за да ги растераат антивладините демонстранти во Бејрут за време на протестите.

Денешните судири се најжестоки откако почнаа демонстрациите пред два месеци, пришто повредени се повеќе од 40 лица, објави АП.

Центарот на градот Бејрут беше блокиран осум часа во текот на ноќта и утрово.

Владата, предводена од премиерот Саад Харири, поднесе оставка на 29 октомври, две недели откако почнаа протестите. Политичките групи не можеа да се договорат за нов кандидат за премиер, додека демонстрантите бараа новата влада да не биде поврзана со веќе познати политички партии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг