Откриена бомба за време на реновирање на театар во Италија, евакуирани 54.000 лица

Макфакс

15/12/2019

13:10

992

Големина на фонт

а а а

Околу 54.000 луѓе се евакуирани од италијанскиот град Бриндизи поради деактивирање на бомба во Втората светска војна, соопштија локалните власти.

Бомбата била случајно откриена за време на реновирање на театар.

Весникот „Кориере дел Сера“ објави дека операцијата за евакуација е најголемата извршена во Италија, во период на мир во земјата, при што повеќе од 60 проценти од жителите на Бриндизи мораа да ги напуштат домовите на растојание од 1.617 метри од локацијата каде е пронајдена бомбата.

Британската бомба, за која се верува дека е фрлена на градот во 1941 година, е долга еден метар и содржи 40 килограми динамит, соопштија градските власти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг