Летот во Салцбург вродил со плод: Халанд му посочил на Солскјер дека сака да се пресели во Манчестер Јунајтед

Дерби

15/12/2019

13:09

1.619

Големина на фонт

а а а

Норвешката тинејџерска сензација, Ерлинг Халанд наводно избрал да игра за Манчестер Јунајтед откако бил посетен од страна на Оле Гунар Солскјер.

„Мирор“ пишува дека Халанд му посочил на тренерот на Манчестер Јунајтед дека сака да заигра во тимот на „ѓаволите“.

Токму Солскјер беше тренерот кој му даде деби во сениорскиот фудбал на младиот Халанд уште во времето кога двајцата беа во Молде.

Единствен проблем за Манчестер Јунајтед би можел да претставува неговиот агент, Мино Раиола кој не е во најдобри односи со челниците на клубот. Раиола сака да ги остави сите опции отворена, но посетата на Солскјер во Салцбург била толку продуктивна што напаѓачот бил импресиониран од разговорот и посакал да се приклучи на „ѓаволите“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг