Канте подготвен да си оди од Челси, Барселона заинтереисрана, играчот сака во Реал Мадрид

Дерби

15/12/2019

13:08

1.875

Големина на фонт

а а а

Еден од најомилените светски фудбалери, Нголо Канте наводно бил подготвен да си замине од редовите на Челси оваа сезона.

„Ел Десмарке“ пренесува дека фудбалерот од средниот ред изразил подготвеност да замине од клубот во кој е од 2016 година за да реализира трансфер во некој од големите шпански тимви, Реал Мадрид или Барселона.

Засега, според медиумот, Барселона е тимот кој повеќе е загреан за одличниот фудбалер од средината на теренот. „Каталонците“ во својот тим имаат низа француски играчи кои побарале Канте да биде донесен во клубот.

Усман Дембеле бил играчот кој најмногу притискал за да се донесе Канте на „Камп Ноу“. Сепак, како што јавуваат медиумите примарна цел за фудбалерот е трансфер во Реал Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг