Драматични сцени: Силен земјотрес на Филипини, најмалку три лица загинаа

Точка

15/12/2019

13:15

3.982

Големина на фонт

а а а

Сцените од разорниот земјотрес кој денес ја погоди азиската островска земја го обиколија светот, а потресот со магнитуда од 6,9 степени предизвика и експлозија на електричен трансформатор.

Три лица загинаа во Падада, а локалните медиуми пренесуваат дека за жал тоа не е последниот биланс на жртви во разорниот земјотрес на Филипини. Меѓу загинатите има и едно 6-годишно девојче, потврдија локалните власти.

Снимка направена во Давао, град северно од епицентарот на земјотресот го прикажуваат моментот кога експлодира електричен трансформатор, по што настанува паника меѓу населението кое е излезено на улиците.

Спасувачките служби пренесуваат дека има голем број на луѓе заглавени под урнатините, а од Пацифичкиот центар за предупредување на цунами соопштија дека не постои закана од удар на цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 30 километри. Според последните информации, трикатен трговски центар се срушил и се стравува дека е голем бројот на затрупани во урнатините.

Во октомври Филипните беа погодени од три земјотреси со јачина од најмалку 6 степени според Рихтеровата скала во кои загинаа пет лица. Регионот Давао во последните неколку месеци беше погоден од повеќе земјотреси, а тоа покрај човечки жртви донесе и оштетување на куќи, згради, хотели, трговски центри и болници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг