Аларм над Сиднеј: Патнички авион итно слетал поради чад во кабината

Точка

15/12/2019

12:52

2.936

Големина на фонт

а а а

Патниците на летот на авиокомпанијата “Qantas” кои летале од Сиднеј за Перт, итно биле евакуирани, откако авионот “Airbus A330” итно морал да се врати на аеродромот во Сиднеј поради чад во кабината.

Од авиокомпанијата соопштија дека набрзо по полетувањето, авионот итно морал да се врати на аеродромот во Сиднеј поради проблеми со хидрауликата. Како што пренесуваат австралиските медиуми, течоста од хидрауликата започнала да протекува, па дел од патниците забележале чад во кабината.

„Кога авионот слета, капетанот одлучи да го евакуира леталото и три тобогани за вондредни ситуации беа отворени“, стои во соопштението на австралиската авиокомпанија.

Дел од патниците биле евакуирани преку воздушните тобогани, по што биле забележани и неколку повреди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг