Смртта на основачот на движењето "Бели шлемови", Џејмс Ле Мезурије не била од корист за Русија и Сирија, туку за покровителите на движењето, соопштило Министерството за надворешни работи на Русија.
"Во ноември се појавија цела низа статии во водечките англосаксонски медиуми на тема смртта на еден од основачите на псевдо-хуманитарната организација Бели Шлемови, Џејмс Ле Мезурије. Акцентот на вестите е ставен дека неговата ликвидација била од корист, пред се, за Русија. Русија, како и властите на Сирија, сакаа Џејмс Ле Мезурије што е можно подолго да остане во добро здравје", се наведува во соопштението на Министерството и се додава дека тој пред судот на светската заедница можел да претстави убедливи докази за провокативните акции на Белите Шлемови.
Меѓутоа, Министерството за надворешни работи на Русија смета дека таквото сценарио очигледно не им се допаднало на покровителите на тоа движење.
"Мезурије, кој одлично ги знаеше сите тајни на Белите шлемови, е ликвидиран", смета Министерството.
Претходно било соопштено дека турските законодавни органи започнала истрага за смртта на еден од основачите на движењето Бели Шлемови и поранешен британски разузнавач Џејмс Ле Мезурије. Според прелиминарните податоци на кои се заснова истрагата, неговата смрт настапила по пад од висина. Според соопштението на Турските медиуми, соседите го пронашле мртов во дворот во неговата куќа во Истанбул, каде живеел.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Шојлу кон средината на ноември изјавил дека Мезурије извршил самоубиство.
Организацијата "Бели шлемови", која е широко позната и поддржана од Западот, за своја цел го прогласила спасувањето на цивили во воените зони, но сириските власти ја обвинуваат за врски со екстремистите и за спроведување на непријателски пропагандни активности.
"Independent" пишува дека тој одиграл главна улога во создавањето на таа организација во Турција во 2013-та година, а во 2016-та година бил награден со витешки орден на Британската империја.
The Strange Death of White Helmets Founder Leaves Many Questions to Be Answered#Mesurier no doubt had a wealth of knowledge on many dirty secrets related to Syria and the imperialist war against it.https://t.co/vdJbsWPGIq#WhiteHelmets pic.twitter.com/JOnhMrSygz
— Ton Kraanen (@Baka_62) November 13, 2019