Ова е најскапата новогодишна елка на светот – еве зошто вреди речиси 14 милиони евра

Точка

14/12/2019

15:48

3.894

Големина на фонт

а а а

Неодамна беше претставена најскапата новогодишна елка на светот, чија вредност се проценува на 13,95 милиони евра.

Елката е изложена во холот на луксузниот хотел “Кемпински” во Марбела, Шпанија, за да се означи почетокот на празничната сезона, а високата вредност произлегува од исклучително вредните украси со кои е накитена елката. 

Сите украси се нацртани и лично креирани од британската дизајнерка на познатите, уметница и експерт за дијаманти – Деби Вингем, а поголемиот дел од декорациите се составени од скапоцени камења. На елката се наоѓаат и некои од најскапите уметнички дела ширум светот.


Деби направила само 500 украси, а повикала уште неколку уметници да ѝ се придружат и да го дадат својот придонес за најскапата елка на светот да биде воедно и најубава.


На украсите се наоѓаат исклучително вредни розови, црвени, бели и црни дијаманти, 4-каратен сафир и рециклиран накит од најпознатите брендови (Bulgari, Cartier, Chanel). Исто така, тука се и класичните декорации и традиционалните слатки без кои празниците не можат ни да се замислат.


Светот ја “запозна” Деби Вингем кога пред две години ги креираше најскапите чевли на светот, чија цена беше повисока од 15 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг