Емери во краток период одбил три понуди, едната била од Евертон

Дерби

14/12/2019

14:15

1.685

Големина на фонт

а а а

На адреса на сега веќе поранешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери во краток рок пристигнале дури три официјални понуди.

Две недели по неговото заминување од Арсенал, Емери можел да разгледува опции за продолжување на неговата кариера.

Имено, според „Марка“, стратегот ја одбил можноста да седне на клупата на Евертон како наследник на Марко Силва кој речиси во исто време со него доби отказ.

Наводно Емери сакал да води тим со поголеми амбиции од Евертон, а токму затоа ги одбил и понудите на два неименувани кинески клубови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг