Мурињо го коментираше продолжувањето на договорот на Клоп со Ливерпул: За Премиер лигата тоа е…

Дерби

14/12/2019

14:13

2.826

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашниот ден Јирген Клоп го продолжи договорот со Ливерпул и се обврза на верност со клубот од градот на Битлси до 2024 година.

Ваквата информација веднаш ја коментираше стратегот кој од неодамна е на клупата на Тотенхем, Жозе Мурињо.

Според него, ова е одлична вест за Премиер лигата, а посебно за фановите и играчите на Ливерпул.

– Ги сакаме најдобрите играчи, тренери во Премиер лигата, а јасно е дека тој е еден од најдобрите. Тоа се добри вести за Премиер лигата, а одлични вести за фановите на Ливерпул и играчите, затоа што е јасно дека се сакаат мѓеусебно и дека нивната врска е многу добра, - изјави Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг