Се подготвува терен за спектакуларен јануарски трансфер во Манчестер Јунајтед: Првите лица ќе заминат на преговори со…

Дерби

14/12/2019

14:00

2.851

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед забрзано работи на освежување на тимот кој го имаше најлошиот старт во Премиер лигата во последните 30 години.

„Ѓаволите“ некако се созедоа и победите против Тотенхем и Манчестер Сити им донесоа малку мир, меѓутоа јасно е дека треба да се засилуваат во јануари.

Така, еден од играчите кои би можел да пристигне на „Олд Трафорд“ е Џејдон Санчо кој игра одлично во дресот на Борусија Дортмунд.

Германскиот медиум „Билд“ пренесува дека првиот преговарач за трансфери на Манчестер Јунајтед, Мат Џаџ заедо со други челници на клубот ов понеделник ќе отпатува во Дортмунд да се сретне со претставниците на Џејдон Санчо за можен јануарски трансфер на играчот на „Олд Трафорд“.

Сумата која за него ќе ја бара Борусија Дортмунд нема да е воопшто мала и ќе изенсува над 100 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг