Исчезнуваат белите дробови на планетата – само во ноември се уништени 563 квадратни километри прашума, ова се страшните снимки

Точка

14/12/2019

14:54

4.700

Големина на фонт

а а а

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија достигнало највисоко ниво во ноември оваа година, откако во 2015 година започнаа да се бележат неславните рекорди.

Во ноември се уништени 563 квадратни километри од површината на најголемата светска тропска прашума, што е за 103 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, покажува истражувањето на Националниот институт за вселенски истражувања “INPE”. 

Со тоа, вкупното уништување на шумите од јануари до ноември достигнало бројка од 8934 квадратни километри, што е за 83 отсто повеќе отколку во истиот период во 2018 година и претставува подрачје со големина на Порторико.


Податоците на институтот “INPE” се собрани преку базата на податоци на “DETER” – систем кој објавува аларми поради пожари и други начини на загрозување на тропските шуми.

Процесот на уништување на шумите обично се забавува кон крајот на годината во текот на дождовните сезони во Амазонија. Овојпат, бројките за уништување на шумите се невообичаено високи.


Истражувачите и активистите за зачувување на околината го обвинуваат десно ориентираниот бразилски претседател Жаир Болсонаро за охрабрувањето на ранчерите и дрвосечачите, повикувајќи на развој во Амазонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг