Трамп не може да се помири што не беше прогласен за личност на годината: Погледнете ја оваа урнебесна фотомонтажа

Точка

14/12/2019

17:09

4.787

Големина на фонт

а а а

Извршниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп објави фотомонтажа на која главата на Трамп е монтирана на телото на Грета Тунберг на насловната страна на магазинот „Тајм“.

Откако познатиот американски магазин објави дека Грета Тунберг е личност на годината, американскиот претседател се пошегува на сметка на 16-годишната тинејџерка од Шведска. Тој ѝ честиташе, но исто така ѝ порача да научи да го контролира својот бес.

Изборниот штаб во кампањата за претседателските избори во 2020-та година, се послужи со насловната страница на „Тајм“ и ја постави главата на Трамп на телото на шведската активистка против климатските промени.

„Кога станува збор за исполнување на ветувањата, тогаш само еден е личност на годината“, порачаа од изборниот штаб на Доналд Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг