И Јужна Кореја се заканува: Еве како би изгледал нивниот напад на Северна Кореја

Точка

14/12/2019

13:05

3.173

Големина на фонт

а а а

Јужнокорејските воздухопловни сили објавија видео кое претставува симулација на превентивен напад на Северна Кореја.

Јужнокорејците се пофалија со моќниот арсенал на американско оружје, а на видеото се прикажани најмодерните борбени авиони од петта генерација „Ф-35“ и други, како ги напаѓаат позиции означени со црвени ѕвезди, што јасно открива кој е мета на нападот.

Четириминутното видео започнува така што шпионски дрон “Global Hawk” открива непријателска активност, а потоа борбен авион го уништува севернокорејскиот балистички ракетен систем “Hwasong 14”.

Овој видео клип е објавен после најновото тестирање на севернокорејскиот ракетен мотор минатата седмица, за кој експертите велат дека е голем чекор напред до развивањето на балистички проектил со долг домет.

Инаку Сеул во 2014-та година потпиша договор со Вашингтон за купување на „Ф-35А“ борбени авиони за 6,8 милијарди долари. Јужнокорејските воздухопловни сили до 2021-ва година ќе имаат дури 40 вакви авиони во својата флота. Исто така Јужна Кореја потпиша договор и за набавка на 30 “RQ-5 Global Hawk” беспилотни летала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг