Фергусон е против идејата на Флорентино Перез

Макфакс

14/12/2019

12:36

1.033

Големина на фонт

а а а

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон не ја подржува идејата за формирање на европска Суперлига и смета дека англиските клубови не би требало да учествуваат во тоа натпреварување.

Идејата за формирање на Суперлигата е на претседателот на Реал Флорентино Перез, но се уште е далеку од реализација.

„Сигурно е дека проектот е насочен кон парите, но тој нема да биде привлечен за клубовите од Англија“, рекол Фергусон и потоа објаснил што сакал да каже.

„Премиер лигата е најдобрата национална лига во светот на фудбаот. Тогаш зошто англиска екипа би учествувала во Суперлигата? Не можам да го замислам тоа. Многу клубови со голема историја би можеле да исчезнат доколку нивните ривали од Премиер лигата го кренат сидрото“.

Инаку, првиот човек на Реал, предложил нова верзија на Суперлигата, во која би играле 20 екипи од петте најсилни национални првенства. Екипите би биле поделени во две дивизии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг