Живот во златен кафез: Сосетката на Роналдо открила до детаљ како живее португалскиот ас и неговото семејство

Супермен

13/12/2019

19:24

16.555

Големина на фонт

а а а

Сосетката на Кристијано Роналдо, Елизабета Бети Борел, открила каков е приватно фудбалерот, но и како живее неговото семејство.

Кристијано живее со партнерката Џорџина Родригез и четирите деца – две заеднички и две негови од сурогат мајка, во елитен кварт во Торино. Елизабета, чиј татко бил познатиот фудбалер Феличе Борел, вели дека Роналдо и неговото семејство се совршени соседи. 

“Се плашев дека постојано ќе организираат забави и дека ќе прават бука, но тие се најдобрите можни соседи. Постојано е тивко”, вели таа за “Corriere della Sera”.


Елизабета додала и дека познатиот фудбалер има гаража која е полна со скапоцени автомобили.

“Кристијано воглавно го гледам во Ролс-Ројс. Гаражата му е полна со спортски автомобили, помеѓу кои се наоѓа и еден Лотус”.

Сосетката вели дека фудбалерот на Јувентус има затворен базен и мала, но прекрасно уредена градина.

“Јас, иако сум ќерка на познат фудбалер, имав детство како и сите мои врсници, но децата на Роналдо живеат поинаку. Често го гледам Кристијано Јуниор како вози скејтборд во заштитениот дел од улицата во која не може да се влезе поради рампите и обезбедувањето. Секогаш кога ги води децата на прошетка, Џорџина покрај себе има телохранител”.

Таа го опишала животот на децата на Роналдо како “живот во златен кафез”:


“Кристијано Јуниор е најчесто на училиште или на тренинзи во Јувентус. Јас имам четири внуци кои си играат со своите врсници низ квартот. Кристијано би можел да се дружи со нив, но кога и да го видам, тој е сам”, заклучила сосетката на Португалецот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk