Премногу јадев и пиев - требаше некој да ми удри шлаканица

Супермен

13/12/2019

17:39

4.008

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот фудбалер Роберто Солдадо открил малку познати детали за својот живот и својата кариера.

Тој започнал во младинската школа на Реал Мадрид, а за вториот тим на кралскиот клуб во периодот од 2002-ра до 2006-та постигнал 63 гола на 120 натпревари. 

Сепак, во првиот тим на Мадриѓаните не успеал да се докаже, а за две години одиграл само 16 натпревари.

"Тоа што го доживеав со Галактикосите беше неверојатно. Бев дете и премногу зелен да ја искористам таа ситуација на вистински начин, а не бев ни психички подготвен за такво нешто", рекол Солдадо.

Солдадо истакнува дека тој е единствен виновник за тоа што никогаш не успеал да направи кариера во големиот Реал.

"Требаше некој да дојде и да ми удри шлаканица, да ми каже да работам повеќе. Едноставно, не водев сметка за себе. Премногу јадев и пиев. Ако ми дадевте чаша вино, ќе ја испиев, а потоа ќе испиев уште една. Сега можеби би испил една чаша и би заминал дома", додал Солдадо.

Солдадо бил толку "подивен", што неговите родители морале да се преселат од Валенсија во Мадрид.

"Кога имав 18 години, си заминав од дома. Живеев со уште двајца млади фудбалери. Имаше ситуации ако некој по еден часот по полноќ каже "ајде да одиме на пијалак", јас прв да бидам подготвен за акција. Подоцна дојдоа моите родители да живеат со мене, за да ме доведат во ред, да се оженам и да станам татко", заклучил Солдадо.

Солдадо во кариерата играл за Осасуна, Хетафе, Валенсија, Тотенхем, Виљареал и Фенербахче, а во моментов е член на Гранада. За репрезентацијата на Шпанија одиграл 12 натпревари и постигнал седум голови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk