Мачор постојано ја буткал новогодишната елка, а нејзината сопственичка пронашла урнебесен начин како да го спречи во тоа

Точка

13/12/2019

16:47

3.520

Големина на фонт

а а а

Откако го вдомила мачорот Виктор, сопственичката знаела дека нема да има проблеми во нивниот однос. Тој веднаш го покажал својот отворен дух и не се плашел од ништо. Но, сепак криел тајна која неговата сопственичка ја дознала сосема случајно.

Таа забележала дека Виктор сепак не е бестрашен и дека се плаши од сосема обични работи. Тој не се плаши од други мачки, не се плаши од кучиња и не се плаши од вода – Виктор се плаши од мандарини. Да, добро прочитавте, и неговата сопственичка била изненадена од ваквиот факт. 


Додека седела навалена во удобниот кауч и го консумирала своето омилено овошје, мачорот побегнал во другиот ќош од собата и тоа го правел секојпат кога сопственичката го јадела “страшното овошје”.

Виктор, како и многу други мачки, обожува да ги бутка лампионите од новогодишната елка и сите останати светкави украси. Тоа често резултира со буткање на целата елка, а неговата сопственичка не можела да го спречи во намерата – сè до оваа година. Таа поставила неколку мандарини околу елката и Виктор повеќе не ѝ се приближува.


Стравот од мандарините сепак е поголем од љубовта кон лампионите, а доколку и вашата мачка се плаши од некој предмет, можете да го искористите овој генијален трик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг