Дали е можно ова да е Борат? Сопругата на комичарот објавила видео од неговиот тренинг, никој не може да поверува како изгледа

Супермен

13/12/2019

21:36

16.969

Големина на фонт

а а а

Комичарот Саша Барон Коен е најпознат по улогата на Борат, а една од најпопуларните сцени е секако онаа во која тој се шета облечен во монокини.

Токму поради тоа многумина се изненадиле кога неговата сопруга Исла Фишер објавила снимка на која разголениот Коен вежба со тегови. 

Имено, Саша е номиниран за Златен глобус за улогата во серијата на Нетфликс – “The Spy”, а сопругата јавно му честитала на Инстаграм и напишала колку труд вложил тој во улогата.

“Многу сум горда поради номинацијата. Толку се трудеше да се трансформира за таа улога, не само што мораше да се затегне (погледнете го видеото) туку мораше да научи и три дијалекти, вклучувајќи го и сирискиот и живееше во Казабланка, воглавно соживеан со ликот во рок од 4 месеци додека траеше снимањето”, напишала Исла под објавата.

Помеѓу првите кои му честитале била и актерката Кортни Кокс, а добил и бројни комплименти од фановите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk