Не ја празнела бешиката 5 години, изгледала како бремена жена во 9-ти месец, а докторите одвај ја дознале причината

Точка

13/12/2019

16:00

5.273

Големина на фонт

а а а

Оваа девојка лежел на подот и вриштела од болки. Полина Лов (23) поминала пет години во агонија затоа што не била во состојба да ја празни својата бешика.

Поради невозможноста да уринира Полина изгледала како трудница во деветти месец.

На девојката ѝ бил дијагностициран Фолеров синдром кој предизвикува состојба на згрчување на бешиката, слична на онаа кај жените во текот на породувањето.

По пет години агонија и невозможност да уринира одлучила да ја отстрани бешиката и докторите да ѝ вградат стома (хируршки вграден отвор).


Сега по закрепнувањето Полина го споделила своето искуство за да ја подигне свеста кај другите.

„Многу малце луѓе слушнале за оваа состојба затоа сакам да зборувам за ова“ - вели таа.

Пред да ѝ биде дијагностициран тој синдром, од својата 4-годишна возраст Полина имала постојана инфекција на бешиката.

Докторите упорно ја лечеле со антибиотици кои на кратко ѝ помогнале за набрзо потоа да се вратат симптомите.

„Откако знам за себе знам и за инфекцијата. Постојано имав чувство дека ми се оди во тоалет и кога ќе појдев многу малку уринирав. Оттогаш нема што не пробав за на 16 години да дојдам до состојба воопшто да не можам да ја испразнам бешиката“ - вели таа.


На 18 години сфатила дека не може да се сети кога последен пат пошла во тоалет. Резултатите од сето тоа биле тоа што изгледала како бремена жена во деветти месец.

Итно пошла во болница, а од бешиката ѝ извадиле три литри урина, а само 500 милилитри течност бешиката може да држи во себе.

„Бешиката за малку ќе ми експлодираше , а никому не му беше јасно зошто не можев да уринирам“ - вели таа.

По многубројните тестирања ѝ бил најден Фовлеров синдром, состојбата која ги погодува жените на 20 до 30 годишна воздраст и која не им дозволува на мускулите од бешиката да се опуштат и да овозможат нормално исфрлување на урината. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг