Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел му честиташе на Џонсон

Макфакс

13/12/2019

13:48

534

Големина на фонт

а а а

Од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел му ја честитаа победата на изборите на британскиот премиер Борис Џонсон.

„Честитки до Борис Џонсон за сјајната победа. Се радувам што ќе соработувам со вас за пријателство и силна соработка меѓу нашите народи“, твитуваше портпаролката на Ангела Меркел.

Другите членови на партијата на канцеларката беа помалку ентузијастични, пренесува „Ројтерс“.

Пратеникот Норберт Ротген изјави дека Британците ја донеле одлуката и дека нивниот избор треба да биде прифатен.

„Со победата на Џонсон, брегзит стана неизбежен“, рече Ротген.



Спонзорирани линкови

Маркетинг