Пред три месеци доживеа сообраќајна несреќа, а синоќа блескал со својата сопруга на црвениот тепих

Супермен

13/12/2019

14:15

4.220

Големина на фонт

а а а

Месец септември, оваа година бил најтешкиот месец во неговиот живот. Тогаш, познатиот актер доживеал тешка сообраќајна несреќа во Калифорнија. За среќа сè завршило без последици.

Кевин Харт е вистински херј. Херојскиот актер пред неколку денови бил на премиерата на холивудската премиера на филмот: “Jumanji: The Next Level“.

Омилениот комичар, Кевин Харт бил облечен во елегантно одело, а неговата партнерка Енико Париш со која е заедно од 2016-та година, ги воодушевила сите со својот изглед.


Парот кој го има синот Кнез (2), изгледал совршено, моќно и прекрасно. Оваа фотографија е симбол на нивната победа затоа што со заеднички сили ги победиле најтешките моменти.

На Кевин секако дека му било најтешко, а Енико постојано била покрај него по несреќата за која масовно пишуваа светските медиуми.


Харт несреќата ја доживеал на 2-ри септември кога автомобилот во кој бил го управувал неговиот возач излетал од патот. Во автомобилот имало уште една личност.

Кевин Харт позади себе има брак со Тореи Харт со која бил оженет од 2003-та година до 2011-та година и со која има ќерка Хевен (14) и син Нехдрик (12).



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk