Вакви мускули не сте виделе: Наталија почнала да вежба на 14 годишна возраст, а денес изгледа застрашувачки

Кармин

13/12/2019

10:15

6.489

Големина на фонт

а а а

Светската шампионка во бодибилдинг, Наталија Кузњецова не се грижи што нејзиниот сопруг има помали бицепси затоа што взаемната љубов и поддршка, како што изјавила самата таа, е единствената работа која е важна за една љубовна врска.

Наталија (28), од градот Чита на југоистокот од Русија, почнала да оди во теретана на 14 годишна возраст. Нејзиниот татко сметал дека вежбањето ќе ѝ помогне да ја зацврсти својата самодоверба.

„Бев исплашена додека растев“ - изјавила Наталија, а пренесуваат од “Daily Mail“.

Како тинејџерка имала 40 килограми додека пак денес нејзината телесна тежина изнесува 90 килограми. Наталија вели дека никогаш не сонувала за спортска кариера, додавајќи дека нејзиниот тренер во училиште бил првиот кој ѝ помогнал да тргне по патот на бодибилдингот.

„Тој отсекогаш влијаеше на мојата иднина“ - истакнала Наталија.

Како и поголемиот дел од останатите и таа тргнала да оди во теретана без определена цел, но тренерот по три месеци ја прашал дали би сакала да учествува на бодибилдинг натпреварување.

„До 15 години бев шампион во регионот“ - вели таа.

Наскоро Наталија почнале да ја препознаваат луѓето на улица. Пред три години дури учествувала во претстава во Болшој театарот во кој настапувала и оперската пејачка Ана Нетребко.

„Веќе се навикнав на славата, многу од луѓето ме препознаваат на улица, а тоа се случува каде и да одам“ - рекла Наталија, која својот сопруг Јусиф (42) го запознала пред 10 години.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk