Договорот помеѓу германската развојна банка KfW и Коморскиот инвестиционен форум на Западниот Балкан наменет за финансирање на проекти од областа на средното стручно образование е потпишан во Подгорица.
Договорот вреден 25.5 милиони евра, подразбира поврзување на институциите на стручното образование со потребите на пазарот за работа.
Средствата ги одобрило Министерството за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија.
Во рамките на состанокот претставени биле четири главни принципи на Регионалниот фонд за предизвици: зајакнување на конкурентноста, техничка селекција на проекти, независно управување и соработка со главните заинтересирани страни на регионално ниво.
Намерата е Регионлниот фонд да прерасне во институција на “отворени врати“ за учење кои во текот на времето ќе соработуваат со други донатори.
Потпишаниот договор и претстојниот проект би требало да бидат силна поддршка за напорите во спроведување политика за намалување на невработеноста, особено кај младите луѓе на Западниот Балкан.