Ги засенил Дејвид Бекам и Бред Пит: Младиот актер е прогласен за најдобро облечен маж од светот на познатите

Супермен

12/12/2019

20:14

5.282

Големина на фонт

а а а

Тимоти Шаламе е прогласен за најдобро облечен маж од светот на познатите. Тој ја “заработил” оваа ласкава титула, благодарение на својот импресивен имиџ и стил кој не се срами да го покаже на црвениот тепих, пишува “Independent”.

Зад себе на листата го оставил Бред Пит, пејачот Трој Сиван и раперот Скепта. Листата се состои од 50 најдобро облечени мажи на светот, а истата ја објавил магазинот “GQ”. 


23-годишниот актер се појави на многу насловни страници кога на премиерата на неговиот нов филм “The King” на фестивалот во Венеција се појавил во одело со потпис на брендот “Louis Vuitton”. Со таквиот стајлинг, Тимоти предизвикал вистинска еуфорија кај фановите.





Ова е листата на 10-те најдобро облечени мажи на светот:

1. Тимоти Шаламе

2. Бред Пит

3. Лил Нас Икс

4. Дејвид Бекам

5. Скепта

6. Кијану Ривс

7. Каи

8. Трој Сиван

9. Тајлер Д Креатор

10. Алтон Мејсон


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk