Сиромашната продавачка на цвеќиња со години седела на исто место, но секогаш била насмеана - нејзиниот совет ќе ви го промени животот

Точка

12/12/2019

19:28

4.145

Големина на фонт

а а а

За време на големите пости, треба да се присетиме зошто всушност се пости и кои се вистинските причини за постот.

Оваа приказна во продолжение ќе ве врати на патот на трпението и вербата. 

“Беше убав ден, мислите на младата жена биле исполнети со чувство на мир додека размислувала за смртта на Исус и воскреснувањето. Таа застанала за момент на врвот од скалите кои воделе до главната улица, сега преполна со луѓе кои брзале кон своите работни места.

На старото место, на почетокот на преминот седела стара продавачка на цвеќиња. Околу нејзините нозе биле распоредени букети со свежо цвеќе. Таа била насмеана, а нејзиното старо и збрчкано лице блескало со некоја внатрешна радост.

Без многу размислување, младата жена се свртела, избрала еден букет и ја прашала продавачката: “Денеска сте веројатно среќни?”.

“Зошто да не”, одговорила старицата. “Сè е добро, зарем не?”.

Била сиромашно облечена и многу стара, а нејзиниот одговор ја изненадил жената.


“Па вие седите тука веќе со години. И секогаш сте насмеани. Изгледа дека добро се справувате со своите неволји?”.

“Не можете да ги доживеете овие мои години, а да немате неволји. Годините и неволјите секогаш одат заедно. Но, сето тоа е како Исус и Велики Петок”, одговорила продавачката и престанала да зборува.

“Како што?”, ја прашала жената.

“Како Исус и Велики Петок. Кога Исус умрел на крстот во петок, тоа било најлош ден за него. И кога ќе се појават неволји, јас секогаш помислувам на тоа. Бидејќи тогаш се потсетувам себеси и што се случило со Исус три деца подоцна. Тогаш Исус воскреснал! Кога работите ќе тргнат по надолна линија, научив да не се жалам туку да почекам три дена бидејќи тогаш работите некако завршуваат добро”.

Младата жена се насмевнала во знак на поздрав и продолжила по својот пат. Со себе понела мала лекција за трпеливост и секогаш кога ќе има лош ден, ќе се сети: “Дај му на Бог прилика да ти помогне. Почекај три дена”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг