“Македонскиот јазик не постои, како бе не постои?”: Џамбазов во свој стил ја “демантираше” Бугарската академија

Точка

12/12/2019

22:13

14.050

Големина на фонт

а а а

Медиумите денеска пишуваат за одлуката на Бугарската академија на науките (БАН) која смета дека македонскиот јазик не постои и дека тој е “писмено-регионална норма” на бугарскиот јазик.

“Документот на Македонската академија на науките и уметностите предизвика сериозни научни примедби. Македонската позиција е лажна", се наведува во соопштението на Бугарската академија

Ваквата вест ја разбранува македонската јавност која не престанува да коментира, а на темата се огласи и легендарниот Игор Џамбазов – секако, во негов стил.

Имено, Џамбазов објавил видео на својот Инстаграм профил во кое им докажува на Бугарите дека постои македонскиот јазик на креативен и хумористичен начин:

Предизвикот на Игор Џамбазов го прифатила и актерката Весна Петрушевска која исто така докажа дека постои македонскиот јазик, по примерот на нејзиниот колега.



Спонзорирани линкови

Маркетинг