Дефиниција за вистинско пријателство: Се дружат 80 години, а сега одлучиле да заминат заедно во старечки дом

Точка

12/12/2019

18:26

1.191

Големина на фонт

а а а

Ако би барале синоним за пријателство, поврзаност и љубов помеѓу две личности, овие две крајно симпатични бабички би биле вистински пример за горенаведеното.

89-годишните Кетлин Савил и Олив Вудвард се спријателиле уште во 1941 година на 11-годишна возраст и оттогаш веќе 8 децении се нераздвојни пријателки, а неодамна се пријавиле и за живеење во ист старечки дом во Велика Британија.  

Кога биле млади, велат дека она што ги поврзало било “задевањето на децата од класот и игрите”, а во нивните животи оттогаш не се промениле многу работи. Имено, двете до ден-денес имаат по малку детинест карактер и гледаат позитивно на животот, па затоа и двете биле многу возбудени кога дознале дека добиле место во истиот дом кој води грижа за старите и немоќни луѓе.

Според Кетлин, клучот на нивниот долгогодишен близок однос е во тоа што не се караат.

“Од првиот ден знаевме дека засекогаш ќе бидеме пријателки. А ако Олив “оди прва”, ќе се врати по мене и ќе бидеме заедно и на небото”, изјавила таа за “BBC”.

Откако се запознале, никогаш не живееле една од друга подалеку од 10-тина минути пеш, па биле неутешни кога децата на Олив првично ја сместиле својата мајка во друг дом. Кога сфатило колку им е важно да бидат заедно, семејството сепак ја сместило кај својата пријателка во домот.

“Потребна ми е тука бидејќи ако сум несреќна поради нешто или поминувам низ лош период, знам дека само можам да отидам кај неа и дека набрзо ќе се смееме за тоа, каков и да е проблемот”, вели Олив, а управничката на домот, Сели Тебитс, тврди дека никогаш претходно не видела таква блискост помеѓу две пријателки.


“Тие две се како тинејџерки, не престануваат да зборуваат и постојано се прегрнуваат. Тоа е симпатично, искрено се сакаат повеќе од некои љубовни парови”, изјавила Сали.

На крајот од интервјуто, Кетлин испратила порака до сите оние кои имаат блиски пријатели, да не чекаат тие да им се јават први.

“Јавете му се или посетете го оној кој го сметате или кој сакате да ви биде близок пријател, немојте да чекате тој да дојде кај вас – за танго се потребни двајца”, заклучила симпатичната бабичка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг