Асад дал интервју за италијанска телевизија, но не смееле да го емитуваат: Му го укинале профилот на Твитер поради тешките зборови кои ги упатил до Западот

Точка

12/12/2019

19:02

4.106

Големина на фонт

а а а

Твитер го блокирал профилот на сирискиот претседател Башар Ал Асад, кога на него било најавено емитување на интервју кое претседателот го дал за италијанскиот јавен сервис RAI.

Инаку, RAI без објаснување одбил да го емитува интервјуто, но сириската новинска агенција SANA сепак го поставила на својот пoртал. 

Интервјуто го водела извршната директорка на порталот RAI, Моника Маџони, но подоцна било соопштено дека прилогот не го нарачал ниеден канал во составот на RAI и поради тоа датумот на објавување не можел да биде усогласен.

Портпаролот на италијанската ТВ станица рекол дека не знае кога ќе биде емитувано интервјуто.

Прес-службата на претседателот на Сирија во саботата соопштила дека телевизијата RAI 24 неколку пати го менувала датумот на емитување, и тоа без објаснување, и додава дека станува збор за обид на Западот да ја сокрие вистината за ситуацијата во земјата.

Накратко, сирискиот претседател во интервјуто рекол дека Европа била главен тригер на хаосот во Сирија и дека мигрантската криза е последица на директната поддршка на тероризмот.

Уште еднаш повторил дека Сирија не користела хемиско оружје.

"Ситуацијата денес е многу подобра. Извлековме многу лекции од војната и мислам дека иднината на Сирија ветува, од ова ќе излеземе посилни", рекол претседателот на почетокот.

Истакнал дека во Сирија немало граѓанска војна, како што истакнуваат западните медиуми, туку терористи преземале контрола над одредени подрачја и вовеле свои правила.

"Немаше верска, етничка или политичка војна, туку имаше терористи кои имаат поддршка од странски сили, пари и вооружување", објаснил тој.

Во тие области завладеал хаос и воопшто немало закони, а освен тоа, наметната е мрачната идеологија на ИСИС или Ал Нусра, тврди сирискиот лидер.

Пред сириската влада поради тоа има голема задача да се врати општеството во нормала, да се обнови образованието и да се помират верските лидери.

Зборувајќи за Русија, која е долгогодишен сојузник на Сирија, рекол дека Москва пред се се заложува за меѓународното право и почитувањето на тоа право.

"Доколку тие заедно со Турција ја надгледуваат сириската граница, тоа не значи дека поддржуваат турска инвазија, туку сакаат да ги убедат да ја напуштат нашата земја. Поради негативната улога на Америка кога станува збор за Турците и Курдите, Русија сакаше да се вмеша за да се создаде рамнотежа на силите и за ситуацијата да се направи, не подобра, туку помалку лоша", рекол тој.

На прашањето дали некогаш ќе има разговори со Реџеп Тајип Ердоган, Асад рекол дека не би бил горд ако влезе во преговори со него.

"Би се чувствувал ужасно ако соработувам со тој опортунитистички исламист, не муслиман, исламист. Но, повторно, мојата работа не се сведува на моите чувства, доколку станува збор за прашање за Сирија, ќе морам да го направам тоа", навел Асад.

Европа моментално има два проблеми, голем број на мигранти и се поголем број на џихадисти кои се враќаат од бојните полиња во своите домови. Меѓутоа, Асад прашува: "Кој го создаде тој проблем?".

"Затоа што Европа, заедно со САД и Турција, го поддржуваше тероризмот, ги имате тие проблеми. Па така, се се враќа, се се плаќа. Европа од првиот ден ги поддржува терористите, ја обвинува сириската влада, а францускиот режим праќаше и муниција", додал тој.

Исто така, за протестите во Либан рекол дека може да бидат добри додека се спонтани и имаат за цел реформа во политичкиот систем. Меѓутоа, тој смета дека протестите без водство секогаш се манипулираат од надвор, а дали тоа ќе се случи и во Либан зависи од свеста на либанските демонстранти.

Асад ја повторил и веста, која не била проследена во западните медиуми, за протечените мејлови на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCV) од кои се гледа дека хемиските напади припишани на сириската влада биле лажирани.

На самиот крај, новинарката го прашала Асад дали се чувствува како победник.

"Кога секој град е погоден од тешки бомбардирања и тероризам, мислам дека сите Сиријци се чувствуваат како победници, и мислам дека е во човековата природа да ги преживее сите тешкотии", заклучил Асад.




Спонзорирани линкови

Маркетинг